Роналдо дефинитивно го напушта Реал М ?

Четврток, 07 Јун 2018 | Прочитано 770 пати.

Еден од најдобрите фудбалери на светот Пoртугалецот Кристијано Роналдо донел „неповратна“ одлука дека ќе го напушти европскиот шампион Реал Мадрид, пишува во четвртокот португалскиот дневен весник Record.


Причината за ваквата одлука на Роналдо, како што пишува весникот, е неисполнетото ветување на претседателот на клубот Флорентино Перез дека ќе го награди за успесите со зголемување на платата.


Претходно шпанските медиуми пишуваа дека Роналдо бара плата од дури 75 милиони евра годишно и шестгодишен договор благодарејќи на кој би ја завршил кариерата во Мадрид на 40 години. Тоа би значело дека со 30 милиони поголема плата би бил најдобро платениот фудбалер на светот, пред Аргентинецот Лионел Меси кој во Барселона заработува 55 милиони и Нејмар кој во ПСЖ добива 38 милиони евра.


Роналдо веднаш откако Реал по третпат последователоно ја освои Лигата на шампионите изјави дека му „било убаво во кралскиот клуб“ што го предизвика интересот на Пари Сен Жермен и неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед.


„Во овој момент одлуката е неизбежна и неповратна: Роналдо ќе го напушти Реал. Наддавањето е отворено. Оние кошто го сакаат најдобриот на сетот, имаат зелено светло на екранот“, заклучува Record.

[назад]
loading...
Коментари