Роналдо го обвини Реал дека води кампања против него

Среда, 10 Окт 2018 | Прочитано 339 пати.

Кристијано смета дека ова е резултат на заговор, кој го направи против него претседателот на Реал, Флорентино Перез и поради ваквиот тек на настаните Роналдо одбива да игра за португалскиот национален тим во Лигата на нациите.
Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо е убеден дека неговиот поранешен клуб Реал Мадрид влијае во УЕФА за кампањата која наводно се води против него.

Според „Ла Република“ играчот верува дека не е случајно што ФИФА не му ги доделила последните награди него. Исто така Португалецот се сомнева дека неговиот клуб има врска со обвинувањата за силување од страна на Американката Кетрин Мајорга, исклучувањето на дуелот со Валенсија од Лигата на шампионите, како и прекинување на соработката од многу спонзори.

Кристијано смета дека ова е резултат на заговор, кој го направи против него претседателот на Реал, Флорентино Перез и поради ваквиот тек на настаните Роналдо одбива да игра за португалскиот национален тим во Лигата на нациите.

[назад]
loading...
Коментари