Роналдо: Можам да играм уште неколку години на топ ниво

Четврток, 08 Фев 2018 | Прочитано 363 пати.

Големата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо наполни 33 години во понеделникот, но дури не ни размислува за крај на кариерата. Сепак, фактите говорат нешто друго, и за првпат по подолго време, гледаме драматичен пад во неговата форма.


Оваа сезона Португалецот има само осум гола во своите 17 натпревари во Ла Лига, четири од нив во последните натпревари од тимот.


– На личен план сум исклучително среќен. Имам семејство кое расте постојано и нема што повеќе да посакам. На професионално ниво имав две многу добри години во кои освоив се. Сметам дека во наредните години можам исто така да играм на највисоко можно ниво, изјави тој за магазинот „GQ“.


Животот е голем предизвик од сите гледни точки и се обидувам барем да бидам во топ физичка форма, бидејќи тоа е многу важно во мојата работа. Морам секогаш да бидам подготвен на 100% и тоа го сфаќам многу сериозно, додава Роналдо.

[назад]
loading...
Коментари