Роналдо се огласи по изборот на Меси за фудбалер на годината, ЦР7 со филозофска порака на Инстаграм

Вторник, 24 Сеп 2019 | Прочитано 356 пати.

Кристијано Роналдо се огласи на социјалните мрежи откако неговиот голем ривал Лео Меси ја доби наградата „Д Бест" од ФИФА за најдобар фудбалер во годината.


Синоќа во Милано се одржа гала вечерта на ФИФА на која се прогласуваа најдобрите за изминатата сезона. Исто како и при изборот на УЕФА, тројца финалисти за наградата фудбалер на годината беа Лео Меси, Кристијано Роналдо и Вирџил ван Дајк.


И додека тројцата фудбалери минатиот месец седеа еден крај друг во Монако, синоќа спектаклот беше посиромашен откако Кристијано Роналдо реши да не се појави.



Многумина сметаат дека ЦР7 се решил на еден ваков чекор откако го известиле дека Лео Меси ќе ја добие наградата „Д Бест“, додека пак Јувентус му даде алиби и соопшти дека напаѓачот е повреден и нема да биде во комбинација за пресметката со Бреша која е на програмата денеска.


Кристијано Роналдо по крајот на церемонијата се огласи на социјалните мрежи, објави слика од својот дом со книга во раката и испрати филозовска порака.


„Трпение и истрајност се две карактеристики кои ги одвојуваат професионалците од аматерите. Сè што е големо денеска, на почетокот било мало. Не можете да направите сè, но направете сè што можете за да си ги остварите соништата. И имајте на ум дека по ноќта секогаш доаѓа нов ден“ – напиша Португалецот.

[назад]
loading...
Коментари