Роналдо смета дека Перез му кова заговор, првиот човек на Реал сака да го уништи ЦР7

Сабота, 06 Окт 2018 | Прочитано 651 пати.

Кристијано Роналдо има теорија за работите кои му се случуваат во последно време, Португалецот смета дека сите конци ги влече претседателот на „Кралевите“, Флорентино Перез.


ЦР7 изминатово лето реши дека е време за нова авантура и го замени Реал Мадрид со Јувентус. Трансферот беше прилично изненадувачки, одекна како бомба во фудбалскиот свет и го врати фокусот врз Серија А, но набрзо Кристијано Роналдо се соочи со проблеми на личен план.

Тој најпрво ја загуби битката со Лука Модриќ за најдобар фудбалер во годината според УЕФА, а потоа доби и црвен во своето деби за Јувентус во Лигата на шампионите. Португалецот остана без уште еден индивидуален трофеј откако ФИФА му ја додели наградата „Бест“ на Лука Модриќ, но најлошото допрва следеше.

34 годишната Катрин Мајорга јавно проговори и го обвини Кристијано Роналдо дека ја силувал во 2009. Таа поднесе тужба до судот во Кларк Каунти, Невада а полицијата од Лас Вегас повторно го отвори случајот.

И покрај тоа што Кристијано Роналдо ги негираше обвинувањата, спонзорите, особено оние од САД, полека размислуваат да му го свртат грбот со што тој ќе остане без стотици милиони евра сегашни и идни приходи.

Според Ла Република, Кристијано Роналдо е убеден дека Флорентино Перез му кога заговор и првиот човек на Реал Мадрид сака да го уништи откако тој повеќе не е главна ѕвезда на „Кралевите“.

ЦР7 смета дека Перез ги влече сите конци за работите кои му се случуваат изминатиов перид односно загубените награди, црвениот картон, обвинувањата за силување и тоа што спонзорите си бегаат.

[назад]
loading...
Коментари