Сари не се предава

Понеделник, 12 Март 2018 | Прочитано 113 пати.

ренерот на Наполи, Маурицио Сари е убеден дека неговиот тим има квалитети и сила да го освои Скудетото и покрај тоа што на последните две средби освои само еден бод од можните шест и му го препушти врвот на Јувентус.
Наполи синоќа на гостувањето кај Интер одигра нерешено 0:0 и падна на втората позиција во Серија А.
- Бевме блиску до трите бода, имавме шанси за гол но не реализиравме. Споредено со претходниот натпревар бевме далеку подобри со желба за триумф. Доколку Јувентус до крајот ги добие сите натпревари можеме само да им честитаме. Сепак мислам дека и нив ќе им биде тешко да ги освојат сите бодови до крајот. Ќе се бориме и убеден сум дека уште имаме шанса за титулата. Продолжуваме да веруваме во Скудетото, изјави Сари.


На десет рунди до крајот на Италијанското фудбалско првенство Јувентус на врвот има бод предност пред Наполи и натпревар помалку.

[назад]
loading...
Коментари