Се формира трето натпреварување во Европа!

Вторник, 11 Сеп 2018 | Прочитано 330 пати.

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели потврди дека од 2021 година ќе постојат три европски натпреварувања и дека бројот на клубови ќе биде зголемен.
Ањели и асицијацијата на европски клубови, не сакаа да откриваат детали, но ова сигурно ќе биде најголемата промена во европскиот фудбал во деценијата, ќе потсетиме во 2009 година беше укинат Интертото купот.


Кон крајот на август „Билд“ пишуваше дека ЛЕ ќе биде намалена од 48 на 32 клубови со цел акцент да се стави на квалитетот и да се привлечат нови спонзори, додека третото натпреварување би било за помалите клубови кои така би добиле шанса да играат во Европа.

[назад]
loading...
Коментари