Шефот на Фламенго за жртвите од пожарот: Најголемата трагедија во историјата на клубот

Сабота, 09 Фев 2019 | Прочитано 81 пати.

Претседателот на Фламенго, Родолфо Ландим, призна дека пожарот во базата на јуниорската екипа е најтрагичниот настан во историјата на клубот.


– Без сомнение, ова е најголемата трагедија која клубот ја доживеал за 123 години постоење. Сакаме да се обидеме да ги минимизираме страдањата на семејствата на жртвите. Фламенго ќе вложи максимални напори да ја намали нивната болка. Ние сите сме во жалост, Изјави Ландим за новинарите.


Пожарот избувнал во зграда во која се сместени фудбалери од младинските формации на клубот.


Жртвите се десет, а меѓу нив се и четворица фудбалери од академијата, двајца, кои биле на проби во тимот, како и четворица соработници од тренерскиот штаб.


Тројца други млади фудбалери преживеаја, но имаат сериозни повреди.


Во меѓувреме, претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро упати сочувство до роднините на загинатите.


– Господ да ги утеши нивните роднини, напиша Болсонаро на „Твитер“.


Натпреварот меѓу Фламинго и Флуминензе, закажан за денес, беше откажан поради трагедијата.

[назад]
loading...
Коментари