Шкендија против естонски Номе Калју на стартот од квалификациите за ЛШ

Вторник, 18 Јун 2019 | Прочитано 204 пати.

Македонскиот шампион Шкендија ќе игра против естонскиот шампион Номе Калју во 1. квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Денешната ждрепка во Нион сакаше Шкендија да го добие најлесниот можен противник, па сигурно македонскиот тим очекува лесен пласман во следната рунда натпревари.

Првиот натпревар тетовци ќе го играат на 9. јули на гостински терен во Естонија, додека реваншот е на 16. јули во Скопје.

[назад]
loading...
Коментари