Солскјер: Погба е подготвен, Јунајтед ќе напаѓа против Тотенхем

Петок, 11 Јан 2019 | Прочитано 94 пати.

Француската ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Пол Погба ќе биде на располагање на Оле Гунар Солскјер за натпреварот на Манчестер Јунајтед против Тотенхем. Ова го изјави Норвежанецот на прес-конференцијата пред средбата со Тотенхем во недела од 17:30.


Погба беше повреден во судир со Џонџо Шелви од Њукасл во победата на Јунајтед со 2:0 на 2-ри јануари и го пропушти дуелот со Рединг од третиот круг на ФА Купот на Англија, освоен со 2: 0. Јунајтед помина неколку дена во Дубаи, каде што тимот се подготвуваше за претстојниот судир против „петрлите“.


Менаџерот исто така, гарантира дека „црвените ѓаволи“ ќе ја задржат офанзивната филозофија и против тимот на Маурисио Почетино, кој пак е сметан за цел број еден на раководството на тимот за постојан менаџер од летото.


„Пол изгледаше добро на крајот на тренинзите оваа недела, па тој најверојатно ќе биде подготвен. Секако нема да имаме толку шанси, како во претходните натпревари, но ќе сакаме да напаѓаме кога е можно“, рече Солскјер.

[назад]
loading...
Коментари