СП 2018: Белгија го елиминираше Бразил за полуфинале

Сабота, 07 Јул 2018 | Прочитано 78 пати.

Белгија го совлада Бразил со 2:1 во натпревар од четвртфиналната фаза и обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство во Русија.


Бразил не ја оправда фаворитската улога со која влезе во натпреварот и Белгија за половина час игра дојде до водство од 2:0.


Прво Фернандињо си даде автогол во 13-та минута, а потоа Кевин де Брујне во 31-та минута ја зголеми предноста.


Бразилците во вториот дел успеаа да се консолидираат и го зголемија притисокот врз белгискиот гол. Ренато Аугусто во 76-та минута намали на 2:1, но до крајот на натпреварот и покрај обидите Бразил не успеа да направи пресврт.


Во полуфиналето, кое е закажано за 10 јули во Санкт Петербург, противник на Белгија ќе биде репрезентацијата на Франција.

[назад]
loading...
Коментари