СП 2018: Бразилците со камења дочекани во татковината

Понеделник, 09 Јул 2018 | Прочитано 631 пати.

Бразилски навивачи го каменуваа автобусот со кој фудбалската репрезентација се врати во земјата по настапот на Светското прванство во Русија.


Бразил беше елиминиран од Белгија во четвртфиналето и тоа очигледно некои од тамошните фанови не можат да го преболат.


Видеото што кружи на Интернет покажува како навивачите го сопреа автобусот и по него фрлаат камења и други предмети, а потоа полицијата реагира и ги растерува незадоволни фанови на „кариоките“.


Никој од членовите на стручниот штаб и фудбалерите не беа повредени, објавија бразилските медиуми.



[назад]
loading...
Коментари