Струга и Гостивар седнаа на теренот и протестираа против ФФМ!

Понеделник, 07 Мај 2018 | Прочитано 2,113 пати.

Второлигашите Гостивар и Струга (4-2) за време на својот меѓусебен натпревар протестираа против Фудбалската федерација на Македонија поради катастрофалното судење на нивните натпревари сезонава.


Својот револт го искажаа со тоа што седнаа на тревата на почетокот од натпреварот, како што најчесто се протестира за време на фудбалските дуели.


Незадоволството кај екипата на Струга колуминираше по минатонеделниот натпревар со Македонија Ѓорче Петров, кога според нив, беа сериозно оштетени од судиите. И екипата на Гостивар се приклучи кон протестот, бидејќи и тие во текот на сезоната имаа сериозни забелешки на делењето на (не)правдата од судиите.


Куќата на фудбалот сезонава беше „бомбардирана“ од соопштенија поради лошото судење на арбитрите, а осбоено тоа важи за Втората лига, но имаше и прволигашки екипи кои се жалеа на луѓето во црно на одредени натпревари.


Судењето е еден од клучните елементи во фудбалот и во спортот воопшто, па без квалитетни и фер судии, не може да има и развој на фудбалот.

[назад]
loading...
Коментари