Струга по 15 години во Суперлига, го доби баражот со Металург 2

Недела, 10 Јун 2018 | Прочитано 1,239 пати.

Ја почна играчката кариера во Струга, а сега и претседателската ја почнува токму во истиот клуб. Наумче Мојсовски е новиот идол на стружани. Откако го превзема клубот и најави амбиција да се врати во ракометниот крем на Македонија, Мојсовски вложи огромни напори тоа да го реализира.


А како круна на целиот тој макотрпен пат беше што заврши на рацете на играчите веднаш по натпреварот со Металург 2. Во баражот за пополнување  на Супер лигата, Струга победи со 32-24 и по повеќе од една деценија се враќа во машката Супер лига.


[назад]
loading...
Коментари