Струга ТЛ се засили и со Бурхан Мустафов

Сабота, 13 Јул 2019 | Прочитано 562 пати.

Новиот прволигаш Струга Трим Лум го промовираше и четвртото засилување ова лето, Бурхан Мустафов кој доаѓа од редовите на Ренова.


Мустафов,кој е играч од средниот ред, претходно настапуваше и за Победа и Пелистер, а краток период беше член и на албанската Теута.



Претходно стружани се засилија и со Емран Рамадани, Урош Ѓуриќ и Христијан Кировски.

[назад]
loading...
Коментари