Струга Трим Љум ќе го пречека Тетекс во Гостивар

Четврток, 10 Мај 2018 | Прочитано 733 пати.

Екипата на Струга Трим Љум доби суспензија на теренот од страна на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и наредниот меч од ВМФЛ-Запад ќе го игра на „Градскиот стадион“ во Гостивар.


Стружани беа гневни на арбитражата на Бартон по дуелот со Македонија ЃП, а ФФМ ги казни случувањата на теренот по мечот. Поради тоа, тимот нема да може да ја заврши домашната сезона на домашен терен и на мечот против Тетекс ќе мора да игра во Гостивар.


Струга Трим Љум е на четвртото место на табелата во ВМФЛ-Запад и веќе ги загуби шансите за влез во елитата, додека Тетекс е на шестото место и води борба за опстанок во второлигашката конкуренција.


извор:gol.mk

[назад]
loading...
Коментари