Тотенхем подобар од Арсенал

Понеделник, 04 Март 2013 | Прочитано 264 пати.

Со победата во лондонското дерби над Арсенал од 2:1, Тотенхем дојде чекор поблиску до остварувањето на својата конечна цел - пласман во ЛШ наредната сезона. Герет Бејл во 37. минута и Арон Ленон две минути подоцна ги постигнаа головите за домашниот тим, а Арсенал намали во второто полувреме преку Мертесакер, во 51.минута.


Резултати на другите средби од 28-то коло во Премиер лигата: Челзи – ВБА 1:0, Евертон – Рединг 3:1, Манчестер Јунајтед – Норвич 4:0, Саутемптон – Квинс Парк Ренџерс 1:2, Стоук – Вест Хем 0:1, Сандерленд – Фулам 2:2, Свонси – Њукасл 1:0 и Виган – Ливерпул 0:4. Утре играат Астон Вила - Манчестер Сити. Табела: Манчестер Јунајтед 71 бод, Манчестер Сити 56, Тотенхем 54, Челзи 52, Арсенал 47, Евертон 45, Ливерпул 42, Свонси 40, ВБА 40,...



 

[назад]
loading...
Коментари