Вестбрук стигна до својот 100. трипл-дабл и стана само четвртиот кошаркар во НБА на кого му успеало тоа

Среда, 14 Март 2018 | Прочитано 152 пати.

Минатата сезона Расел Вестбрук стана вториот кошаркар во историјата на НБА со просек трипл-дабл, а оваа сезона продолжи да ги зголемува бројките и синоќа стигна до својот јубилеен 100 таков учинок.


Вестбрук стана само четвртиот кошаркар во историјата на НБА кој стигнал до 100. трипл-дабл учинок во кариерата. До таа бројка дојде на вчерашниот натпревар против Атланта кој Оклахома го доби со 119:107. Тој имаше учинок од 32 поени, 12 асистенции и 10 скокови.

На вечната листа Вестбрук е зад Џејсон Кид кој има 107 трипл-дабл учиноци, Меџик Џонсон со 138 и далеку на врвот е Оскар Робертсон со 181. Доколку продолжи со ова темпо нема да биде далеку денот кога ќе го стигне Џејсон Кид, можеби во подалечна иднина да го помине и Меџик Џонсон, но тешко е да се поверува дека ќе биде и пред Робертсон.



Резултати:

Филаделфија - Индијана 98:101
Вашингтон - Минесота 111:116
Атланта - Оклахома 107:119
Бруклин - Торонто 102:116
Њујорк - Далас 97:110
Чикаго - ЛА Клиперс 106:112
Њу Орлеанс - Шарлот 119:115
Сан Антонио - Орландо 108:72
Јута - Детроит 110:79
Феникс - Кливленд 107:129
ЛА Лејкерс - Денвер 112:103

[назад]
loading...
Коментари