ВИДЕО: Интер спаси бод со Славија во Милано, реми на Лион и Зенит

Вторник, 17 Сеп 2019 | Прочитано 196 пати.

Екипата на Интер доживеа прв шок во новата сезона под водство на Антонио Конте и на домашен терен едвај спаси бод против Славија Прага (1-1), во рамки на првото коло од Лигата на шампионите.



„Нераѕурите“ правеа притсиок, создаваа шанси, но фалеше реализацијата. Во нападот Конте им ја даде довербата на Лукаку и Мартинез, но тие не успеаја да го скршат отпорот на чешката одбрана која ја чекаше својата шанса преку контра и ја дочека. Домашните едвај се спасија од пораз, во самиот финиш, помалку среќно, по една одбиена топка.


По првото полувреме во кое мируваа мрежите, шокантниот гол на „Џузепе Меаца“ падна во 63. минута, кога Петер Олајинка постигна гол во мрежата на Ханданович, откако налета на една одбиена топка. Судијата Букет не беше сигурен за регуларноста на голот, гледаше и ВАР, но истиот беше чист и Славија Прага дојде до предност.


Кога сите очекуваа крај, во судиското надополнување, Сенси доби слободен удар од дваесетина метри, шутираше во пречката, а топката во целата мешаница заврши кај Барела, кој изедначи на 1-1. Пред финишот Лукаку имаше шанса да донесе луда победа за Интер, но голманот на Славија изби во корнер.



На вториот натпревар од 18:55 часот, Лион и Зенит одиграа реми со по еден гол на обете страни (1-1). Пред финишот на првиот дел, Азмун го отвори резултатот и донесе предност за рускиот првак, меѓутоа во 50. минута Лион доби пенал, кој во погодок го претвори Мемфис Депај.

[назад]
loading...
Коментари