Виновни се шведските медиуми

Петок, 08 Јун 2018 | Прочитано 398 пати.

Контроверзниот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ, повторно е во центарот на фудбалското внимание, но сега поради изјавата дека шведските медиуми се виновни за неговото неиграње на СП 2018.


Медиумите велат дека на репрезентацијата и е подобро без мене. Но, тоа е расположението на шведските медиуми. Немам типично шведско име. Немам вообичаено шведско однесување и држење, но сепак се уште го држам рекордот во националниот тим. Најголемата радост во фудбалот е да играш на Светско првенство. Најдобрите играчи се таму. Златан не е таму, но тој мораше да биде таму, изјави Ибракадабра.
Шведска е во групата “Ф”, каде за противник ќе ги има селекциите на Германија, Мексико и Ј.Кореја.

[назад]
loading...
Коментари