Во прекрасен и тежок натпревар Лабуништа успеа да извлече бод од Горно Лисиче

Сабота, 10 Март 2018 | Прочитано 2,027 пати.

И поркрај тешките услови за игра, нагости кај Еруомилк Горно Лисиче Скопје, Фк Лабуништа 2011 успеа да го извлече максимумот ремизирајќи 1:1 и да се врати дома со освоен бод, што не им дозволи на домаќините престиж на моменталната состојба на табелата.


Првото полувреме заврши без голови 0:0,на почетокот од второто полувреме односно во 48 минута ,после мало невнимание на одбраната на ФК Лабуништа неочекувајќи така добро нафрлена топа Рафески погоди за 1:0 во корист на домаќините.


Во продолжение Лабуништани немаа што да бранат се насочија кон голот на Еруомилк како би го израмнале резултатот, но за несреќа на Лабуништани беше досуден пенал за домаќините, кој требаше да го изведе Цаволи и се беше во негови раце, но прекрасната одбрана на Мерселоски кој покажа дека е квалитетен голман од висок ранг не дозволи тука да биде крајот, после кој фудбалското непишано правило е познато,во 81 -вата минута веднаш после изведниот пенал со прекрасна акција ново влезниот ирграч Н. Реџепи истата минута успеа да го изедначи резултатот и го продолжи успехот од 10 последователни наптревари без пораз.


Им честитаме на Фудбалерите за храброста исто така и на навивачите кој верно го следат секој натпревар.


Наредно коло на 18.03.2018 ни гостува лидерот на Табелата КФ Гостивар.


[назад]
loading...
Коментари