Вориорси славеа со 47 поени разлика, Нагетси поразени

Понеделник, 01 Апр 2019 | Прочитано 150 пати.

Во текот на ноќта беа одиграни пет натпревари на пархетите на НБА лигата. Се издвојува триумфот на Голден Стејт Вариорс над домаќинот Денвер Нагетс.

Вориорсите со убедлива разлика од 47 поени ги победија Шарлот Хорнетс. Резултатот беше 137:90. Најефикасен кај домашните кои постигнаа дури 21 тројка, беше Стеф Кари со достигнување од 25 поени.

Нагетси одлично го отворија мечот против Вашингтон Визардс, после првата четвртина имаа водство од +11, но на крајот изгубија со 90:95. Никола Јокиќ постигна 23 поени, имаше 14 скокови, но беше исклучен при крајот на натпреварот. Гостинскиот тим до победа ги водеше Трој Браун со 25 поени.

Сан Антонио Спарс изненадувачки беа поразени на домашниот пархет. Сакраменто Кингс славеа со резултат од 106:113. На Спарсите не им помогна ни Алдриџ со постигнати 27 поени, а на спротивната половина најефикасен беше Хилд со 26 поени.

ЛА Лејкерсите во незначајниот натпревар за двата тима ги поразија Њу Орлеанс Пеликанс со резултат од 102:130, додека ЛА Клиперси беа подобри од Мемфис Гризлис со резултат од 113:96.

[назад]
loading...
Коментари