ЖДРЕПКА ЗА ЛШ: Бомба во четвртфиналето – Барса против Јунајтед

Петок, 15 Март 2019 | Прочитано 225 пати.

Реприза на финалето од пред 10 и 8 години ќе имаме можност да гледаме во четвртфиналето од Лигата на шампионите оваа сезона.

Манчестер Јунајтед ќе игра со Барселона, првпат по 2011 година и ќе има можност да им се одмазди на „каталонците“ за двата пораза. Ждрепката одреди Барса да биде домаќин на првиот меч, но тој сепак ќе се игра на Олд Трафорд бидејќи и Сити беше одреден како гости на првиот натпревар.

Во четвртфиналето ќе има една англиска пресметка, но и дуел на Ајакс и Јувентус што е реприза на финалето од 1996 година кога последен пат „бјанконерите“ станаа европски шампиони. Кристијано Роналдо ќе има можност да го одмазди Реал Мадрид а елиминацијата во претходната фаза.

Извршена е и ждрепката за полуфиналето. Победниците од првите два дуела (Ајакс-Јувентус и Ливерпул-Порто) ќе играат меѓу себе, како и победниците од другите два.

ДВОЈКИ
Ајакс – Јувентус
Ливерпул – Порто
Тотенхем – Манчестер С.
Манчестер Ј. – Барселона

[назад]
loading...
Коментари