Зидан: Не е само Нејмар, ПСЖ има уште неколку фантастични фудбалери

Вторник, 13 Фев 2018 | Прочитано 181 пати.

Најелитното европско клубско натпреварување после речиси два месеци пауза, конечно се враќа.


Љубителите на најважната споредна работа на светот ќе можат утре да уживаат во судирот помеѓу актуелниот европски шампион Реал Мадрид и париски ПСЖ, клуб кој после над 400-те милиони вложени евра во летниот преоден рок, има намера конечно да се искачи на тронот на Европа оваа сезона.


Јасно е дека „Кралскиот клуб“ не игра во најдобра форма оваа сезона, но според многумина, искуството на избраниците на Зидан може да биде пресудно. Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан во пресрет на натпреварот изјави дека Нејмар не е единствениот опасен фудбалер на ПСЖ.


„Сите зборуваат за Нејмар веќе со месеци и тој е под константен притисок. Сепак, ПСЖ има уште доста фантастични фудбалери кои што можат да ги решат натпреварите. Мислам дека Килијан Мбапе е многу важен дел од оваа екипа. Тој е многу моќен иако се уште е многу млад. Сигурно ќе ни биде тешко да го сопреме, но исто така и останатите играчи на ПСЖ“, изјави Зинедин Зидан.

[назад]
loading...
Коментари