Зидан не се предава, очекува финален спринт по Погба

Петок, 30 Авг 2019 | Прочитано 73 пати.

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан се надева дека неговиот клуб ќе направи финален спринт за трансферот на Пол Погба.


Само чудо може да го однесе Французинот на Сантијаго Бернабе, но Зидан не сака да се откаже од својата најголема желба. Да биде ситуацијата за него потешка, ваквиот трансфер е можен само ако бидат продадени Герет Бејл и Хамес Родригес за што во моментов шансите се мининални и би морале да бидат вклучени во трансферот.


Единствената работа која може да го однесе Погба во Мадрид се навивачите на Манчестер Јунајтед кои се поотворено го критикуваат, па дури и навредуваат.

[назад]
loading...
Коментари