Зидан само што дојде, веднаш му направи проблем на Јувентус

Вторник, 12 Март 2019 | Прочитано 173 пати.

Зинедин Зидан долго време флертуваше со „старата дама“, за на крајот да му го сврти грбот на својот поранешен клуб и да се врати на клупата на Реал Мадрид. Французинот веќе во својот прв работен ден назад во Мадрид му создаде нов проблем на Јувентус, нарушувајќи ги трансфер-плановите на италијанскиот гигант за летниот преоден рок.

Конкретно, станува збор за иднината на Марсело, кој се наоѓаше на врвот на листата со желби на „старата дама“, но со најновиот развој на настаните ќе остане во Мадрид. Имено, останувањето на Бразилецот бил еден од условите што Зидан ги побарал од Флорентино Перез при преговорите за камбек. Францускиот стручњак е убеден дека Марсело е најдобра опција за лев бек во неговиот тим, па иако беше игнориран од страна на Сантијаго Солари тој експресно ќе се врати во првата екипа почнувајќи од следниот натпревар.

Марсело веќе имаше „дил“ за преселба во редовите на Јувентус, но „Зизу“ е убеден дека ќе успее да го премисли да остане на „Сантијаго Бернебу“. Впрочем, левиот бек има договор до јуни 2022, а Флорентино Перез дал ветување дека нема да го продаде во текот на летниот преоден рок.

[назад]
loading...
Коментари