Зидан веќе го договорил првото засилување

Среда, 13 Март 2019 | Прочитано 276 пати.

Зинедин Зидан во понеделникот се врати на клупата на Реал, а шпанските медиуми денес пишуваат дека веќе го обезбедил првото засилување во летниот преоден рок. Еден Азар од Челси, според тие извори, ќе бил првото засилување за „кралскиот клуб“.

Азар никогаш не криел дека е навивач на Реал и дека би сакал да го облече дресот на овој клуб. Од друга страна Зидан и во првиот мандат имаше желба да го донесе, но тогаш претседателот на клубот, не му ја исполни желбата.

Се претпоставува дека Реал за услугите на Азар, кој инаку има договор со Челси до јуни 2020 година, ќе треба да платат околу 130 милиони евра.

Азар со Челси има освоено две титули во Премиер лигата. За „сините“ досега одигра 338 натпревари и постигнал 105 гола.

[назад]
loading...
Коментари