Животна партија на Нуркиќ, 99-ти трипл-дабл за Вестбрук

Вторник, 13 Март 2018 | Прочитано 118 пати.

Расел Вестбрук одигра уште еден трипл-дабл натпревар и се доближи до бројката од 100 вакви натпревари во кариерата. Оклахома со Вестбрук славше над Сакраменто 106:101.


Блескава вечер имаше и репрезентативецот на БиХ Јусуф Нуркиќ кој го одигра најдобрито меч во НБА кариерата и заедно со Демијен Лиалрд го предводеа Портланд до победата над Мајами 115:99.


Оклахома го победи Сакраменто, ја забележа третата победа во низа и се зацврсти на четвртото место на табелата во Западната конференција. Вестбрук со учинок од 17 поени, 11 скока и 10 асистенции го забележа 20. трипл-дабл во сезоната, 99. во кариерата.
Сакраменто го предводеше српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ со 19 поени, 8 скока и 3 асистенции.
Јусуф Нуркиќ, 213 сантиметри високиот центар на Портланд доминираше на натпреварот против Мајами. Нуркиќ мечот го заврши 27 поени, 16 скока, 3 блокади, 3 асистенции и заедно со Демијен Лилард (32 поени, 10 асистенции) го предводеа Портланд до десеттата победа по ред.
Со оваа победа Портланд се искачи на третото место во Западната конференција.


На другите натпревари Хјустон лесно се справи со Сан Антонио и победи 109:93, Мемфис загуби од Милвоки 103:121.


[назад]
loading...
Коментари