26 загинати во подметнати експлозии во Ирак

Петок, 08 Фев 2013 | Прочитано 336 пати.

Неколку автомобили бомби експлодирале во Багдад и во централен Ирак, при што најмалку 26 луѓе загинале, а повеќемина биле повредени. 13 луѓе загинале, а 30 биле повредени во двојна експлозија на еден пазар во Багдад, во делот претежно населен со шиити. Цел и на другите експлозии исто така биле делови од Ирак каде што живеат шиити, што се поврзува со политичката криза и протестите на сунитите кои бараат оставка од шиитскиот премиер Нури Ал Малики.

[назад]
loading...
Коментари