50 загинати во автобуска несреќа во Кенија

Среда, 10 Окт 2018 | Прочитано 218 пати.

Најмалку 50 лица загинаа денес во сообраќајна несреќа меѓу главниот град на Кенија Најроби и западниот град Кисуму, објави полицијата за весникот Дејли нејшн.

Очевидци велат дека автобусот се извртел додека се спуштал по стрмната падина, удрил во заштитната ограда и паѓал околу 20 метри слетувајќи на карпесто тло.

Според полицијата, автобусот со 67 седишта возел од Најроби кон градот Какамега на запад и превезувал 52 патници.

Официјалните владини статистики велат дека на патиштата во Кенија годишно гинат околу 3.000 луѓе, но Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека овој број е далеку поголем - 12.000 лица годишно загинати во сообраќајот.

Во декември 2017 година, 36 лица загинале во сообраќајна несреќа на автобус и камион на запад во земјата, а во 2016 година повеќе од 40 луѓе загинале кога цистерна се  судрила со низа возила на автопат во близина на Најроби и потоа се запалила.

[назад]
loading...
Коментари