Амбасадата на САД во Ерусалим опасност за Блискиот Исток

Понеделник, 14 Мај 2018 | Прочитано 211 пати.

По повод преселувањето на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим се одржа церемонија на која приуствувваше и американската делегација предводена од ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Иванка, неговиот постар советник и зет, Џаред Кушнер, и секретарот за финансии, Стивен Мнучин.


Изреалскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повика и другите земји да го следат американскиот пример.


„Ги повикувам сите земји да им се придружат на САД во преселувањето на нивните амбасади во Ерусалим, бидејќи тоа е вистинската работа“.


Според него, ова ќе придонесе за стабилноста и мирот во регионот. На вакво мислење не се и Палестинците.


Високиот палестински функционер Набил Шат вели:


„Тие ја прекршија статус кво позицијата на Ерусалим, која беше гарантирана со резолуциите на Советот за безбедност и ги прекршија обврските што ги дадоа САД кога влеговме во договорот во Осло, во мировниот договор“.


Зиад Абу Зајад, палестински политички аналитичар, пак вели дека палестинскиот народ ќе се бори до крај.


„Ние се бориме за правда, се бориме за слобода, се бориме за мир на нашиот народ и нема да се откажеме додека не ги постигнеме овие работи“.


Наџи Касим, палестински работник кој работи во градината на американската амбасата во Ерусалим смета дека овој потег нема да промени ништо:


„Нема да ги направи нашите животи поинакви дали тие ќе ја отворат или или не. Што ќе се промени? Работниците се сиромашни и нашите плати нема да се зголемат, каква разлика ќе направи?“.


Неговиот сограѓанин Наџи Касим оценува дека потегот е опасен и за Палестинците и за Израелците.


„Ерусалим, како главен град на Израел, е нешто што се очекува со години и знаевме дека тоа ќе се случи. Сепак, преселувањето на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим е опасно за Израелците. Тоа е опасно и за двете страни“.


Статусот на Ерусалим е едно од најтешките прашања во долготрајните мировни напори на Блискиот Исток.


Во декември лани претседателот Трамп го призна Ерусалим како главен град на Израел, потег што предизвика нов бран насилство во регионот.


Израел го зазеде Источен Ерусалим од Јордан во војната во 1967 година.

[назад]
loading...
Коментари