Бел тигар од редок вид уби чувар во зоолошка градина во Јапонија

Вторник, 09 Окт 2018 | Прочитано 482 пати.

Бел тигар од многу редок вид уби чувар во зоолошка градина во Јапонија.Чуварот буквално бил распарчен од животното, јавуваат медиумите.

Акира Фурушо бил пронајден сиот во крв во зоолошката градина Хиракава во јужниот град Кагошима, во понеделникот вечерта. Рику, 5-годишниот машки тигар кој го нападнал чуварот бил успан од страна на спасувачите кои пристигнале на местото на несреќата. Чуварот Фурушо (40) подоцна починал во болница.

,Никој не беше во моментот на несреќата и не можеме ниту да замислиме што се случило”, изјави Акинори Ишидо, директор на зоолошката градина. Тој изрази жалење за смртта на чуварот.

Полицијата испитува како зоолошката градина се грижи за Рику и неговите три други бели тигри. Агенциите објавуваат дека во време кога се случила несреќата, персоналот планирал да го премести Рику од кафезот за посети, во неговата ,,соба за спиење”.

Ишидо им изјави на новинарите дека на персоналот не им е дозволено да бидат во кафези со опасни животни, но дека правилото е очигледно прекршено во овој случај.

Зоолошката градина е отворена од 1972 година и има повеќе од 1.000 животни. Белиот тигар Рику е долг околу 6 метри и тежи околу 375 килограми – колку некои сумо борачи.

Зимскиот парк Хиракава беше отворен во вторникот, но пристапот близу до тигарот бил ограничен.

Ова не е прв напад на тигар во зоолошка градина во Јапонија. Во 2008 година сибирски тигар го нападна и го уби Атсуши Ито, чувар кој го чистел кафезот во зоолошката градина во Кјото.

[назад]
loading...
Коментари