Бројот на загинати во земјотресот во Индонезија достигна 1.649 лица

Сабота, 06 Окт 2018 | Прочитано 277 пати.

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес и цунами кои минатата недела го погодија индонезискиот остров Сулавеси, се зголеми на 1.649, соопшти денеска националната Агенција за вонредни ситуации.
Портпаролот на Агенцијата додаде дека 265 лица се водат како исчезнати.

Во погоденото подрачје, каде се регистрирани 450 афтершокови, се уште пристигнува помош од целиот свет.

Во градот Палу денеска пристигна товарен авион од Јапонија кој донел помош, вклучувајќи прехранбени производи и лекови.

[назад]
loading...
Коментари