Бројот на загинатите во терористичките напади во Шри Ланка се искачи на 310 лица

Вторник, 23 Апр 2019 | Прочитано 190 пати.

Бројот на загнатите во терористичките напади во Шри Ланка чија цел беа цркви и хотели за време на празнување на Велигден во оваа земја, се зголеми на 310 лица, а повеќе од 400 лица се ранети.

Според веста на весникот „Дејли Мирор“ кој што се објавува во Шери Ланка повикувајќи се на изјавите на портпаролот на полицијата за медиумите Руван Гунасекара, продолжува да расте бројот на жртвите во реализираните бомбашки терористички напади врз цркви за време на одржување на миси по повод Велигден и врз хотели, во главниот град Коломбо, во неделата.  

Портпаролот Гунасекара истакна дека бројот на загинатите во серијата напади од 290 се зголеми на 310 лица.

Велејќи дека продолжуваат операциите кои што беа започнати по реализираните напади, Гунасекара информира дека досега се фатени близу 40 осомничени лица.

Истиот портпарол додаде дека сите притворени лица се државјани на Шри Ланка.

[назад]
loading...
Коментари