Чавушоглу пристигна во Москва

Вторник, 13 Март 2018 | Прочитано 165 пати.

Tурскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, пристигна во посета на Русија пред да замине во Казахстан за самитот на високо ниво за Сирија. “За време на неговата посета, тој (Чавушоглу) ќе разговара за подготовките за самитот на Советот за соработка и за учество во туристичка изложба (Московската меѓународна изложба)”, рече портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Хамами Акси. Главниот дел од програмата на Чавушоглу во Москва сепак ќе биде средбата со неговиот руски колега Сергеј Лавров .


Според директорот на одделот за информации и печат кон руското МНР Марија Захарова, “во текот на претстојните преговори ќе бидат разгледани позициите на двете страни за клучните прашања кои се однесуваат на билатералните односи, и ќе биде изготвена анализа на спроведувањето на договорите постигнати меѓу рускиот и Турскиот претседател “. Меѓу другите теми на разговор ќе биде исто реализацијата на проектот за нуклеарна централа “Акују” и гасоводот “Турски поток”. Најважното прашање очигледно ќе биде ситуацијата во Сирија.


Во меѓувреме во северниот дел од земјата, турските војници продолжуваат да се борат против курдските форми. Поостра останува и ситуацијата во Источна Хута, каде сириската армија се бори против бунтовниците во интервал помеѓу секојдневната хуманитарна пауза, наметната на 27 февруари од рускиот претседател Владимир Путин. Дискусијата за Сирија ќе продолжи на 16 март и во Астана, овој пат заедно со иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Јавад Зариф. Министрите од трите земји ќе разговараат за координираните напори на учесниците во процесот во Астана.

[назад]
loading...
Коментари