Десетици експлозии на гас во околината на Бостон, горат куќи и згради

Петок, 14 Сеп 2018 | Прочитано 349 пати.

Низа експлозии и пожари вчера доцна попладне по локално време стресоа повеќе десетици станбени населби во градови северно од Бостон, а стотици луѓе се евакуирани поради мирис на гас, јави полицијата на сојузната американска држава Масачусетс.


Полицијата на Твитер објави дека е прерано за какви било шпекулации за можната причина, но локалните медиуми пренесуваат дека најверојатно станува збор за пукање на гасовод поради преголема компресија.



Експлозиите и пожарите се случија во градовите Лоренс, Ендовер, Норт Ендовер и Метуен северно од Бостон.


„Ги молиме сите кои имаат гас дома на неодредено да ги напуштат своите домови“, соопшти градоначалникот на Норт Ендовер Ендрју Мејлор за локална телевизиска станица.


Државната полиција објави дека вкупно се пријавени 39 експлозии и пожари, но дека се очекува бројката да продолжи да расте. Повикани се сите жители во засегнатите градови кои ги снабдува компанијата Колумбија гес, подружница на компанијата Нисорс инк, да се евакуираат додека не заврши процесот на декомпресија на гасоводот.


Истрага отвори и ФБИ, соопштувајќи дека во координација со полицијата спроведува процена на ситуацијата.


Локален пожарникарски командир изјави дека ситуацијата на терен „личи на армагедон“.


„Минав 39 години во пожарникарската служба и никогаш немам видено вакво нешто во својата кариера“, изјави Мајкл Мансфилд, пожарникарски командир во Ендовер.


[назад]
loading...
Коментари