Џон Кери го поздрави ставот на Арапската лига за израелско - палестинскиот договор

Среда, 01 Мај 2013 | Прочитано 173 пати.

Американскиот државен секретар Џон Кери го поздрави ставот на Арапската лига во врска со постигнувањето мировен договор меѓу Палестина и Израел според кој предвидува размена на територии меѓу двете земји.


 

Катарскиот премиер и министер за надворешни работи Хамад бин Џасем ал Тани вчера говорејќи во име на Арапската лига изјави дека двете страни во израелско-палестинскиот конфликт може да разменуваат територии, без строго да се придржуваат кон границите од 1967 година.  

 

Признавањето на Арапската лига дека е потребно Израелците и Палестинците да разменат територии во идниот мировен договор е голем чекор напред. И покрај сите тешкотии и разочарувања од минатото, ќе успееме да ги собереме на маса сите преговарачки страни, истакна во американскиот државен секретар Кери.

[назад]
loading...
Коментари