Еден загинат и 20 повредени при пад на авион во Јужна Африка Кликни тука за повеќе: Еден загинат и 20 повредени при пад на авион во Јужна Африка (ДПЛ) | opserver.mk

Среда, 11 Јул 2018 | Прочитано 46 пати.

Едно лица загина, а 20 други се повредени денеска при уривање на патнички чартер авион во близина на главниот град на Јужна Африка, Преторија, соопшти локалната служба за справување со вонредни состојби. Во соопштението се посочува дека неколкумина од повредените лица при падот на авионот се наоѓаат во критична состојба. Авионот се урнал во близина на аеродромот во Вондербом. Службата претходно информира дека не е познато колку точно лица имало во авионот во време на уривањето. Причините за падот на авионот засега не се познати, а властите започнаа истрага за случајот.



[назад]
loading...
Коментари