Една од најбогатите Русинки загина во авионска несреќа

Понеделник, 01 Апр 2019 | Прочитано 441 пати.

Една од најбогатите жени во Русија, сосопственичка на авиокомпанијата С7, Наталија Филева, загина во авионска несреќа во југозападна Германија, соопшти авиокомпанијата. Филева (55) била во мал авион со шест седишта, кој се урнал при пристапот кон малиот аеродром во градот Егелсбах, јужно од Франкфурт. Германската полиција претходно објави дека имало три лица во авионот вклучително и пилотот.


Во соопштението се наведува дека авионот се урнал вчера додека патувал од Франција во Егелсбах. Причината за несреќата сѐ уште е нејасна. "По ударот, авионот е целосно изгорен", се вели во соопштението на полицијата, во кое се додава дека патниците најверојатно ќе бидат идентификувани во текот на неделата. Филева во 2018 од магазинот Форбс беше прогласена за четврта најбогата жена во Русија, а нејзиното богатство се проценува дека изнесува 600 милиони долари.

[назад]
loading...
Коментари