Ердоган и Меркел разговараа за Сирија

Вторник, 17 Апр 2018 | Прочитано 175 пати.

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган и германската канцеларка, Ангела Меркел, во телефонски разговор ги размениле нивните ставови за развојот на последните случувања во Сирија.


Според извори од Турција, двајцата лидери се фокусирале на обезбедувањето на територијалниот интегритет во Сирија и политичкиот процес во земјата, која е поделена со воени дејствија.


Ердоган и Меркел ги размениле заедничките ставови во врска со воздушните напади на САД, Франција и Велика Британија во Сирија, што се случија на 13-ти април.

[назад]
loading...
Коментари