Ердоган кон крајот на септември ќе ја посети Германија

Среда, 08 Авг 2018 | Прочитано 194 пати.

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, кон крајот на септември ќе престојува во официјална посета на Германија.


Германската агенција ДПА објави дека посетата ќе се реализира на 28 и 29 септември.


Се наведува дека Ердоган ќе биде пречекан од германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер со највисоки државни почести. Турскиот претседател, во рамки на посетата, ќе се состане и со канцеларката Ангела Меркел.

[назад]
loading...
Коментари