Европскиот парламент го изгласа укинувањето на зимското и летното сметање на времето

Вторник, 26 Март 2019 | Прочитано 641 пати.

Европскиот парламент (EP) го изгласа укинувањето на зимското и летното сметање на времето, јавува Anadolu Agency (AA).


На гласањето во Стразбур 410 пратеници гласаа за укинување на зимското, односно летното сметање на времето, додека против беа 192 пратеника.


Земјите членки на Европската Унија до април 2020 година треба да решат дали ќе воведат трајно зимско или летно сметање на времето, а сезонското сметање на времето ќе биде укинато во 2021 година.


Во анкетата која минатата година ја спроведе Европската комисија во врска со мислењето за укинување на зимското и летното сметање на времето учествуваа 4,6 милиони луѓе.


Дури 84 отсто од испитаниците се противеле на ваквото сметање на времето.


Извор: aa.com.tr.мк

[назад]
loading...
Коментари