Италија: Стампедо во ноќен клуб, најмалку 6 мртви лица

Сабота, 08 Дек 2018 | Прочитано 361 пати.

Шест лица од коие 5 малолетници, загинаа додека 35 лица се повредени во стампедо кое избило рано утринавба на концерт во диско-клуб во малиот град на крајбрежјето на Италија, во близина на Анкона.

Меѓу загинатите се 3 девојчиња, 2 момчиња, како и возрасна жена - мајка која била во придружба на својата ќерка на концерт во дискотека во градот Кориналд, каде настапувал италијанскиот рапер Сфер Ебаст, пренесува АП.

 Засега не е точно утврдена возраста на загинатите, ниту колку точно лица имало во клубот.

Од Пожарникарно-спасувачката служба рекле дека публиката на концертот почнала да паничи и да трча кон излезот откако некој испрскал супстанца слична на бибер-спреј.

Тинејџер рекол дека сопствениците на клубот танџцувале чекајки го почетокот на концертот кога започнало стампедото.

Тинејџер кој бил префрлен во болница поради сериозни повреди, рекол дека во дискотеката имала најмалку еден излез во случај на опасност и дека тој бил заклучен кога се обидел да излезе.

Властите истражуваат дали излезот во случај на опасност функционирал.


 


[назад]
loading...
Коментари