Излезе десеттото момче, Илон Маск објави снимка од пештерата

Вторник, 10 Јул 2018 | Прочитано 767 пати.

Си-ен-ен и Ројтерс објавија дека е спасено и десеттото момче, наведувајќи извори од спасувачкиот тим.
Милијардерот Илон Маск на Инстаграм објави ново видео од условите во пештерата.


Тој бил учтиво одбиен кога ја донел малата подморница и им ја понудил на спасувачите.
„Иако оваа технологија е добра и софистицирана, таа не е практична за оваа мисија“, им рече на новинарите Наронгсак Осатанакорн, шеф на здружениот команден центар што ја координира операцијата.


Маск објави дека донел миниподморница, „направена од ракетни делови и наречена Див вепар по фудбалскиот тим на момчињата, кај пештерата, и дека ја оставил таму за во случај да има потреба од неа во иднина.
Нуркачите денеска трет ден влегоа во пештерата за да ги извлечат последните четири члена на тимот и нивниот тренер.


Првите осум момчиња, спасени вчера и завчера, закрепнуваат во болницата во блискиот град, Чианг Раи.
Пороен дожд го погоди местото кај пештерата синоќа и продолжи до утрово, но властите велат дека не влијае врз подготовките за конечната мисија за спасување.


[назад]
loading...
Коментари