Израел изврши ракетен напад врз сирискиот град Алепо

Четврток, 28 Март 2019 | Прочитано 313 пати.

„Цел на израелскиот ракетен напад беа голем број на индустриски локации во индустрискиот регион Шеик Најар на североисточниот дел на Алепо. Соборени се одреден број непријателски ракети“


АЛЕПО (АА) - Израелскиот ракетен напад синоќа беше насочен на Алепо, најголемиот град во Сирија, објави новинската агенција САНА, која е под контрола на режимот на Башар ал Асад, пренесува Anadolu Agency (AA).


„Вчера околу 23:00 часот воената воздушна одбрана ја пресретна израелската воздушна агресија“, изјави денес анонимен воен извор за САНА.


„Цел на израелскиот ракетен напад беа голем број на индустриски локации во индустрискиот регион Шеик Наџар на североисточниот дел на Алепо. Соборени се одреден број непријателски ракети“, додава изворот.


Истакнато е дека нападот предизвикал само материјална штета.


Од израелската страна сѐ уште нема реакција на ваквите тврдења.


Веста дојде неколку дена откако Доналд Трамп во Вашингтон ја потпиша одлуката за признавање на израелскиот суверенитет врз Голанската Висорамнина во Сирија.

[назад]
loading...
Коментари