Каталонците бараат „Република сега!“

Понеделник, 12 Март 2018 | Прочитано 162 пати.

Десетици илјади сепаратисти повторно излегоа на улиците да демонстрираа за отцепување на Каталонија од Шпанија. Тие сакаат влада која ќе го форсира создавањето на „Каталонска република".

Влијателната сепаратистичка организација „Каталонско национално собрание" (АНК) повика на митинг во неделата вечер во Барселона. Тој се одржа под мотото „Република, ара!" (каталонски за: Република сега!). Многу учесници го вееја знамето на движењето за независност на Каталонија. Локалната полиција го процени бројот на демонстранти на околу 45 илјади.


Водечки политичари зад решетки


АНК бара трите партии кои се залагаат за независност да постигнат договор за формирање на регионалната влада и прогласување на „Каталонска република" што е можно поскоро. Кога регионалниот парламент беше реизбран во декември, сепаратистите - на огорченост на шпанската централна влада во Мадрид - повторно добија мнозинство. Сепак, формирањето на владата се одвива тешко: многумина врвни каталонски лидери, како на пример поранешниот регионален претседател Карлес Пуџдемон, беа затворени или избегаа во странство, по забранетиот референдум за независност одржан во октомври минатата година по кој беше донесена и одлуката за независност...

[назад]
loading...
Коментари