Космонаутите во нова вселенска мисија: Прво лансирање на “Сојуз” по хаваријата

Понеделник, 03 Дек 2018 | Прочитано 81 пати.

Во текот на последното лансирање, на 11-ти октомври, ракетата со рускиот космонаут Алексеј Овчињин и астронаутот на НАСА, Ник Хејг, доживеала хаваријата две минути по полетувањето, поради што двајцата космонаути морале да се катапултираат во капсули и да се вратат на Земјата.

Космонаутите ќе одат на Меѓународната вселенска станица од космодромот Бајконур во вселенскиот брод “Сојуз МС 11”. Тоа ќе биде прво лансирање на бродот со екипаж по падот на ракетата-носач “Сојуз ФГ” на 11-ти октомври.

На Меѓународната вселенска станица ќе одат космонаутот на “Роскосмос” Олег Коноњенко и астронаутите на НАСА и Канадската вселенска агенција Ен Меклејн и Дејвид Шен-Жак. Планирано е екипажот да остане на Станицата 194 дена.

Лансирањето на ракетата ќе го набљудува директорот на руската вселенска агенција “Роскосмос”, Дмитриј Рогозин, директорот за летови со екипаж на НАСА, Вилијам Герстенмајер и генералниот гувернер на Канада, Џули Пајет.


[назад]
loading...
Коментари