Крвав обид за бегство од затвор во Бразил, преку 20 мртви

Среда, 11 Апр 2018 | Прочитано 239 пати.

Обидот за масовно бегство од затвор во Белем, северен Бразил, заврши крваво и загинаа најмалку 21 лице, меѓу кои еден затворски чувар, затвореници и луѓе кои им помагале да побегнат од надвор.


Припадници на вооружена група чекале подготвени на надворешната страна од ѕидот на затворот што претходно го разнеле со експлозив.


Државните служби за безбедност рекоа дека борбите во затворскиот комплекс Санта Изабел при обидот за бегство биле на ниво на војна.


Четворица стражари се повредени, од кои еден е во тешка состојба.


Стражарите се бореле и против вооружените напаѓачи од надвор и против разбеснетите затвореници од внатре.


Службите утврдуваат дали некој затвореник успеал да побегне во метежот.


Лани 56 луѓе загинаа во бунт во затворот во Манаус, во амазонскиот регион на Бразил.


 

[назад]
loading...
Коментари