Курц: ЕУ ќе биде целосна само со Балканот во неа

Вторник, 06 Ное 2018 | Прочитано 91 пати.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој попладнево во Белград имаше средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави дека ЕУ ќе биде целосна само кога во неа ќе бидат членки земјите од Западен Балкан.

Во видео-порака објавена на Твитер, Курц порача дека Австрија е тесно поврзана со Западен Балкан на политички, економски, културен и посебно на меѓучовечки план.

– Западен Балкан посебно ни лежи на срце и е наш важен економски, политички партнер, со кој сме посебно поврзани на човечки план. Поради тоа, тој регион и за време на нашето претседавање со ЕУ има целосна наша поддршка, нагласи Курц.

По средбата со Вучиќ. австрискиот канцелар изрази уверување дека е можно да се дојде до решение на косовското прашање во дијалогот Белград-Приштина и нагласи дека ставот на неговата Влада е оти треба да се поддржи секој договор кој води до долгорочно решение.

Курц нагласи дека е пресудно дијалогот не само да продолжи, туку и да се дојде до успешен крај. Тој апелираше до населението да ги поддржи сите политичари кои сакаат да појдат по патот до решение.


Извор: alsat-m.tv

[назад]
loading...
Коментари