Мадуро ги започна „најважните воени вежби во историјата на Венецуела“

Понеделник, 11 Фев 2019 | Прочитано 567 пати.

Венецуелскиот лидер Николас Мадуро ги започна, како што тој ги опиша, „најважните“ вежби во историјата, подготвувајќи се да се одбрани од каква било потенцијална инвазија, откако САД и нивните сојузници го поддржаа самопрогласениот привремен претседател Гуаидо.

Вежбите ќе траат до 15 февруари и ќе бидат најголемите воени вежби што земјата ги има одржано во својата 200-годишна историја, истакна претседателот Мадуро, кога пристигна во Форт Гуаикaипуро во државата Миранда.

„Мора да се подготвиме да го одбраниме суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста (на Венецуела)“, нагласи избраниот шеф на државата, очигледно стравувајќи дека повиците на Вашингтон за промена на режимот и нејзиното агресивно подржување на лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо може да ескалираат во директна воена инвазија.

Гуаидо, кој во јануари се прогласи за привремен претседател на Венецуела и веднаш доби благослов од САД и нивните сојузници во Европа и ширум Латинска Америка, не ја отфрли можноста дека ќе мора да донесе „контроверзна“ одлука и да „одобри хуманитарна“ интервенција. Администрацијата на Трамп, исто така, рече дека сите опции се на маса за Венецуелците да се ослободат од „угнетувачкиот диктатор“ Мадуро.


[назад]
loading...
Коментари